Секако дека би сакале да имаме помалку примени голови, но ја гледаме и позитивната страна, ги добивме сите наши натпревари, со исклучок на дуелот со Хофенхајм. Дефанзивно, ние сепак имаме простор за напредок како тим. Секако, како тренер, гледате на тимот со критичко око, но мора да видите дека играме одлично со недели, изјави тренерот на Баерн
Преземањето ризици е дел од агресивниот стил на Баерн, дури и ако тоа значи примен гол, изјави тренерот Ханси Флик за одбранбениот ефект на неговиот фудбалски тим, пренесе „Ројтерс“.
Баварците се во одлична форма сезонава, победија на сите, освен на еден натпревар во сите натпреварувања, а единствената критика што може да биде упатена е нивниот одбранбен рекорд – најлошото во горната половина на Бундес-лигата со девет примени гола. Во меѓувреме, Борусија Дортмунд, со која Баерн се среќава денеска во дербито во Германија, прими само два. Двете екипи се израмнети на врвот на табелата во Бундес-лигата, со по 15 бода од шест натпревари, пишува „Ројтерс“.
– Секако дека би сакале да имаме помалку примени голови, но ја гледаме и позитивната страна, ги добивме сите наши натпревари, со исклучок на дуелот со Хофенхајм. Дефанзивно, ние сепак имаме простор за напредок како тим. Играме со одреден ризик. Во моментов имаме повеќе нови фудбалери и имаме само малку време за да тренираме. Секако, како тренер, гледате на тимот со критичко око, но мора да видите дека играме одлично со недели – изјави Флик, тренерот на европскиот и германски првак Баерн.