Фудбалерите на Швајцарија и Шпанија ќе се сретнат во четврт-финалето на Европското првенство (ЕП) откако ги елиминираа актуелниот светски шампион Франција и вицешампион Хрватска во денешните возбудливи осминафинални дуели.
Швајцарија успеа да слави против Франција со 5-4 на пенали, откако мечот заврши 3-3 по 120 минути игра, во кои фаворизираните избраници на Дидие Дешан испуштија водство од 3-1 во завршницата. Килијан Мбапе единствен промаши пенал, во петтата серија, со што Франција го заврши учеството на ЕП.
Шпанија ја совлада Хрватска со 5-3 по продолженија. Хрватите, слично како и Швајцарија, се вратија по негатива од 1-3 во 90-те минути од мечот, но немаа сили за целосен пресврт.
Утре се играат последните два осминафинални дуели во кои ќе се сретнат Англија – Германија (од 18 часот) и Шведска – Украина (од 21 ч.). Покрај пресметката помеѓу Шпанија и Швајцарија, досега се познати и четвртфиналните двојки Белгија – Италија и Чешка – Данска.