УЕФА ќе го казни тимот на Валенсија за употребата на логото на „Адидас“ на дресовите за време на натпреварот со Манчестер Јунајтед во дуелот од Лигата на шампионите.
 
Сојузот на фудбалските асоцијации во Европа веднаш започна дело против двата тима по завршувањето на нивниот меч на ,,Олд Трафорд“.
 
Кон шпанскиот клуб се покренати три обвиненија, а едното од нив е поврзано со користењето на логото на „Адидас“ на екипите.
 
Правилникот на УЕФА овозможува на клубовите да го употребуваат логото на спонзорот на дрес за тренинг, со димензии не поголеми од 200 см, и на тренерка, со максимална големина од 20 см. 
 
Случајот ќе биде разгледан од Дисциплинската комисија на УЕФА на 18 октомври.