Руските власти нема да дозволат масовни борби меѓу навивачите на претстојниот Мундијал. Ова го изјави Игор Зубов, заменик-министерот за внатрешни работи на Русија.
Тој прокоментира напис во весникот „Дејли Стар“ според кој британските навивачи планираат „да направат Трета светска војна“ на претстојниот Мундијал.
– Многу смела изјава. Тоа што се случи на Европскиот шампионат во Франција пред две години, такви големи нереди не можат да се случат во Русија – изјави Зубов.
Тој објасни дека во врска со спроведувањето на шампионатот се направени законски промени. Сите навивачи кои ќе прават проблеми ќе бидат уапсени и депортирани веднаш.
– Ние нема да дозволиме масовни тепачки. Можеме да се справиме – додаде министерот.
Светското првенство 2018 ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во 11 градови во Русија.