Италијански Наполи потврди дека искусниот дефанзивец Раул Албиол (33) го напушта „Сан Паоло“ и се враќа во татковината. Тој потпиша за тимот на Вилјареал.
Во службената објава на страницата на Наполитанците, тие му се заблагодарија на Шпанецот за „посветеноста и убавиот пример на професионализам кој им го даваше на другите“ во текот на својата шестгодишна авантура во Италија.
Информациите кои денеска стигнуваат од Италија се дека Вилјареал го купил Албиол од Наполи за 5 милиони евра и дека потпишал тригодишен договор.
Искусниот дефанзивец за Наполи одигра преку 200 меча откако во Неапол дојде во 2013 година од мадридски Реал.
Негова замена во последната линија на италијанскиот вицешампион ќе биде Костас Манолас кој направи трансфер од Рома.