ПСЖ со убедливи 6:1 ја совлада Црвена звезда во натпревар од групата Ц во Лигата на шампионите.
Францускиот тим ја потврди фаворитската улога и по 20-тина минути игра имаше водство од 2:0, а стрелец на двата гола во 20 и 22 минута беше Нејмар.
Единсон Кавани во 37 минута зголеми на 3:0, а пред крајот на првиот дел во 41-та минута Анхел ди Марија беше прецизен за 4:0.
Во второто полувреме Килијан Мбапе постигна гол во 70-та минута и зголеми на 5:0.
Четири минути подоцна Марко Марин беше прецизен и го постигна единствениот гол за Црвена звезда намалувајќи на 5:1.
Во 81-та минута Нејмар постигна хет-трик и ги постави конечните 6:1.
Шалке ја совлада Локомотив Москва со 0:1 во натпревар од групата Д. Стрелец на единствениот гол беше Вестон Мекени во 88 минута.