Јасно е дека Реал Мадрид што бевме навикнати да го гледаме во изминатите пет години е веќе минато, со враќањето на Зидан, ангажманот на Азар, Јовиќ, Менди…, и најавите за нови трансфери за големи ѕвезди, но и некои заминувања
Во изминатите неколку децении, шпанскиот фудбалски гигант е синоним за раскошно трошење. Од Луис Фиго и Дејвид Бекам до Кристијано Роналдо и Герет Бејл, претседателот на клубот, Флорентино Перез, не штедеше за да ја состави најгламурозната колекција фудбалски суперѕвезди во светот, пишува Би-би-си.
Меѓутоа, последниве години немаше таква перцепција. Со исклучок на пристигнувањето на Тибо Куртоа лани од Челси, Реал остана на страна од потпишувањето на големите имиња од 2014 година, кога беа ангажирани Тони Крос и Хамес Родригез. Оттогаш, последователно менаџерите Карло Анчелоти, Рафаел Бенитез, Зинедин Зидан, Жулен Лопетеги, Санти Солари и сега Зидан играа со речиси ист состав, со ѕвездите Кејлор Навас, Серхио Рамос, Рафаел Варан, Дани Карвахал, Марсело, Крос, Каземиро, Лука Модриќ, Иско, Бејл, Роналдо и Карим Бензема, кои го формираа столбот на тимот со години.
Не е повеќе така. Овој континуиран период на нежна еволуција го направи патот за целосна револуција. Веднаш по победата против Ливерпул во мај 2018 година за европската титула во третата последователна сезона, Зидан презеде необичен чекор за менаџер по освојување на континентот – се откажа, тврдејќи дека не може да продолжи со успехот со ресурсите што му се на располагање. Зидан рече дека верува оти успехот во домашната лига е најголем тест за способностите на тимот, и сметал дека триумфот во ЛШ од 2018 година е мала маска за падот, рефлектиран со третото место во Ла Лига. Неколку недели по оставката на Зидан стана сосема јасно дека тој е апсолутно во право. Сезоната 2018/2019 беше далеку најлоша од претходниве неколку, а Лос Бланкос заврши на третото место во Ла Лига (рекордни 19 бода зад првакот во Барселона) и не успеа да оствари значаен печат во Купот и во ЛШ, губејќи 18 натпревари во сите натпреварувања.
Се разбира, главниот дел од трансфер-сезоната летово на Реал е Еден Азар. Белгиецот привлече околу 50.000 обожаватели на неговата презентација во четвртокот. Но тој не е единственото засилување на напаѓачката линија, со ангажманот на Лука Јовиќ. Српскиот 21-годишен интернационалец, кој постигна 27 гола за Ајнтрахт Франкфурт минатата сезона, и се очекува да биде повеќе од опција за ротација во тимот, откако беше ангажиран за 60 милиони евра. Друга голема сума, 47 милиони евра, е платена за левиот бек Ферланд Менди, кој ќе се натпреварува со домашниот талент Серхио Регулон за местото на ветеранот Марсело, пишува Би-би-си. Со капитенот Рамос, кој сега има 33 години, централниот заден дел е комплетиран со доаѓањето на Едер Милитао за 50 милиони евра од Порто, а последното летно засилување, засега, може да се означи како долгорочна инвестиција – 18-годишниот Бразилецот Родриго Гојс (60 милиони евра од Сантос).
И тоа можеби не е сѐ. Додека го чекаа доаѓањето на Азар на презентацијата во четвртокот навивачите на Реал се забавуваа извикувајќи: „Го сакаме Мбапе“, и тоа во никој случај не е незамисливо. Гласини што го поврзуваат Зидан со друга француска ѕвезда, е со таа на Манчестер јунајтед, Пол Погба, а играчот од средниот ред на Лион, Танги Нодамбеле, се смета за втор избор ако тој потег не се реализира. Ова можеби веќе беше многу бурно лето, но работата на Зидан за преобликување на неговиот тим само што почна, пишува Би-би-си.
Неодамнешната серија потпишувања, плус враќањето на неколку играчи, ја зголеми екипата на Зидан на неверојатни 37 фудбалери, а од финансиска гледна точка, исто така, е јасно дека бројот на продадени играчи мора да се зголеми за да се израмнат сметките. Доста готовина ќе има со заминување на играчи со помала минутажа, но, исто така, се очекува да бидат пуштени и неколку ѕвезди од поголем профил, како на пример Бејл, Хамес Родригез… Што и да се случи, јасно е дека ќе мора да има значителни заминувања во следните неколку недели и еднакво е јасно дека Реал Мадрид што бевме навикнати да гледаме во изминатите пет години е веќе минато.
Новиот Галактикос е тука.