Спортинг на Стефан Ристовски вечерва му гостува на Атлетико Мадрид во дербито на четврт-финалето на фудбалската Лига Европа. Португалскиот клуб е во трка по првиот европски трофеј по 54 години, кога славеше во тогашниот Куп на победниците на куповите. Атлетико, пак, има два трофеја од ЛЕ, во 2010 и во 2012 година.
Досегашните два меѓусебни меча на Атлетико и на Спортинг завршија со реми. Арсенал се среќава со ЦСКА Москва, со кого има по еден пораз и реми, а англискиот тим е во обид низ Лига Европа да се најде во Лигата на шампионите идната сезона (победникот ќе игра директно во групната фаза), по слабиот пласман засега во домашното првенство. Другите двојки се Лацио – Салцбург и Лајпциг – Марсеј. Сите мечеви се од 21.05 часот.