Во Франција од утре ќе играат сите четири досегашни прваци, САД (актуелен првак,
три титули), Германија (две), Норвешка и Јапонија (по една), како и сите селекции
што играле во полуфиналињата на претходните мундијали
На осмото Светско првенство (СП) во фудбал за жени, од утре до 7 јули, во Франција, титулата ќе ја брани репрезентацијата на САД, која е најуспешна досега со три освоени трофеи. Во Франција ќе играат сите четири досегашни прваци, САД (три титули), Германија (две), Норвешка и Јапонија (по една), како и сите селекции што се пласирале во полуфиналињата на претходните мундијали (вкупно 10 заедно со шампионите).
Мечевите ќе се играат во девет града, а финалето е предвидено да се одржи во Лион. Во осминафиналето ќе се пласираат првите две селекции од секоја група, како и четирите најдобри меѓу третопласираните. Најдобрите три европски селекции на СП 2019 ќе се пласираат на Летните олимписки игри во Јапонија в година, каде што од другите настап од претходно обезбедија Бразил и Нов Зеланд, како и домаќинот Јапонија.
Овој Мундијал ќе биде првиот на кој ќе биде применета технологијата видеоасистент-судија (ВАР). Франција првпат ќе биде домаќин на СП за жени, но со тоа таа земја ќе стане четвртата во која се играле и машко и женско СП во фудбал, по Шведска, Германија и САД.
СОСТАВ НА ГРУПИТЕ
Група А: Франција, Ј. Кореја, Норвешка, Нигерија
Група Б: Германија, Кина, Шпанија, Ј. Африка
Група Ц: Австралија, Италија, Бразил, Јамајка
Група Д: Англија, Шкотска, Аргентина, Јапонија
Група Е: Канада, Камерун, Нов Зеланд, Холандија
Група Ф: САД, Тајланд, Чиле, Шведска