Ексклузивно за „Нова Македонија“ од Букурешт

Навивачите во Букурешт чекаат и по половина час пред пунктовите за тестирање за ковид-19, така што, им се препорачува на сите кои утре планираат да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство да побрзаат со задолжителното тестирање.

Оние што се негативни на ковид-19 добиваат алка, која е потребна за влез на стадионот, заедно со пасошот и со билетот за мечот. Своето искуство со протоколот за следење на натпреварите на континенталниот шампионат, за „Нова Македонија“ го сподели еден од бројните навивачи на „црвено-жолтите“ кои се во главниот град на Романија.

1

Македонија утре ја очекува вториот натпревар од Европското првенство кога на  Националната арена во Букурешт ќе се сретне со Украина (од 15 часот). Тоа ќе биде дуел на поразените репрезентации од првото коло во групата Ц. Македонија загуби од Австрија со 1-3, а Украина од Холандија со 2-3.