Според шпанска „Марка“, моментално на првото место убедливо води Аргентинецот Лионел Меси со пазарна вредност од 112 милиони евра, пред Французинот Антоан Гризман со 96 милиони евра
Летниот преоден трансфер е отворен и, како и секогаш, шпанската Ла лига е меѓу најактивните пазари на играчи. Користејќи ги бројките од „Трансфермаркет“, кој зема предвид различни критериуми, како што се возраста, перформансите, идниот потенцијал и трансферната вредност, шпанскиот весник „Марка“ состави список на моментално највредните фудбалери во шпанскиот врвен фудбал.
Аргентинецот Лионел Меси е на првото место. Тој е комплетен играч на сите нивоа со извонредна конзистентност со текот на целата година, особено во однос на головите и асистенциите, како и неговата разновидност во играта, која му овозможува да доминира на различни напаѓачки позиции. И покрај тоа што има 33 години, Меси има пазарна вредност од 112 милиони евра, односно таа е повисока од вредноста на кој било друг фудбалер во шпанската Ла лига.
Французинот Антоан Гризман минатото лето дојде од Атлетико Мадрид во Барселона за 120 милиони евра, но преживеа тешка дебитантска сезона во Каталонија. Иако пандемијата на коронавирусот имаше улога во падот на пазарната вредност, цената на неговиот напад сега изнесува 96 милиона евра, голем дел благодарејќи на неговите неодамнешни настапи.
За португалскиот тинејџер Жоао Феликс (20), кој го замени Гризман, Атлетико Мадрид минатото лето плати неверојатни 126 милиони евра, но слично како и неговиот претходник, работите не минаа како што се планираа. Тешката сезона на индивидуално ниво доведе вредноста на оваа португалска ѕвезда да падне на 81 милион евра.
Словенечкиот голман Јан Облак имаше одлична сезона и, според „Марка“, се најде на високото четврто место на оваа листа со цена од 80 милиони евра, притоа надминувајќи ги сите други голмани во светот.
Така, денес Алисон и Марк-Андре тер Штеген се вредни по 72 милиони евра, а Тибо Куртоа има цена од 60 милиони евра.
Белгиецот Еден Хзар беше ѕвезда на Реал Мадрид во 2019 година, но повредите ја прекинаа неговата дебитантска сезона. Азар (29) успеа досега да одигра само 26 натпревари, што секако влијаеше на неговата пазарна вредност, која, според „Трансфермаркет“, од 150 милиони евра минатото лето, во моментов падна на 80 милиони евра.