Капитенот Горан Пандев е стрелец на првиот гол за Македонија на големите фудбалски натпреварувања, откако добро се снајде по мешаница во австрискиот шенаесетник за да погоди во 28-та минута од мечот во Букурешт, во рамки на групата Ц од Европското првенство.
Пандев израмни на 1-1 по водечкиот погодок на Штефан Лајнер за Австрија во 17-та минута.
Капитенот на Македонија со 37 години (и 231 ден) е вториот највозрасен стрелец на европските првенства по австрискиот репрезентативец Ивица Вастиќ кој имаше 38 години (и 257 дена) кога погоди на ЕП 2008.
Pandev with a proper FIFA goal pic.twitter.com/DfSMAG7YHa
— #9 (@NineRole) June 13, 2021