Денеска на Светското првенство во Русија на програмата се три натпревари, а дербито кое милиони фанови ширум светот го очекуваат е во вечерниот термин.

Египет – Уругвај (14 часот)
 
Египет се враќа на светските првенства по 28-годишно отсуство во првиот дуел од програмата на вториот ден на Светското првенство во Русија. „Фараоните“ излегуваат на „Екатеринбург Арена“ против искусниот состав на двократниот шампион Уругвај, а надежите на целиот Египет се насочени кон напаѓачот Мохамед Салах, кој го слави својот 26-ти роденден.
 
Целата нација беше во шок по повредата во финалето на Лигата на шампионите пред помалку од еден месец, но тој веќе е целосно заздравен од повредата на рамото и е подготвен да го поведе тимот против фаворитот во групата А, во која се уште домаќинот Русија и Саудиска Арабија.
 
Сепак останува мала веројатност Салах да биде оставен резерва, за да ги задржи силите за другите два натпревари, во кои шансите на Египет изгледаат посериозни отколку против Уругвај. 
 
Останатите стартери се јасни. На голот ќе застане Есам Ел Хадари, кој ќе стане најстариот учесник во историјата на светските првенства – на 45 години.
 
Мароко – Иран (17 часот)
 
Екипите на Мароко и Иран ќе се соочаат денес во Санкт Петербург во првиот од програмата за денот дуел од прелиминарната група „Б“ на Светското. Дуелот е од исклучително значење и за двата тима кои се во улогата на аутсајдери во друштво на европските гиганти Шпанија и Португалија.
 
Мароко и Иран ќе играат за прв пат во својата историја еден против друг во завршница на Мундијалот, и тие се сретнале само еднаш еднаш и одиграле нерешено. Двете екипи имаат прагматичен стил на игра, потпирајќи се на цврста одбрана без голем ризик во нападот. 
Мароканците дозволија само еден гол од осумте квалификациски натпревари. Иран не изгубил ниту еден натпревар на својот пат до завршницата, освојувајќи 12 натпревари и шест одигра нерешено. 
 
Во 14 натпревари, тимот на селекторот Карлос Кеирош, не дозоли гол. За Мароко ова е петто учество на светски шампионат, а за последен пат тоа се случи во 1998 година.
 
Шпанија – Португалија (20 часот)
 
Европскиот шампион Португалија се соочува со Шпанија денеска на стадионот „Фишт“ во Сочи во определениот како најспектакуларен дуел од групната фаза на Светското првенство. Пиринејското дерби секогаш било непредвидливо и денешниот натпревар не прави исклучок.
 
Само пред една недела Шпанија влегуваше во листата на фаворити за освојување на трофејот во Русија, но настаните во последните денови ја одведоа „Фуријата“ во спротивна насока. Откако во вторникот селекторот на тимот Хулен Лопетеги најави дека го презема Реал Мадрид, во средата тој беше отпуштен, а на негово место застана Фернандо Јеро. Сето тоа се случило и покрај отпорот на играчите, чија реакција ќе биде интересно да се види на теренот.
 
Португалците сигурно ќе се обидат да ја искористат ситуацијата во таборот на противникот во извршување на сонот да станат едвај четвртиот тим во историјата кој кон европската додал и светска титула, или обратно. Тоа го постигнале СРГ (ЕП1972 / СП1974), Франција (СП1998 / ЕП2000) и Шпанија (ЕП2008 / СП2010).
 
Двата тима излегле четири пати еден против друг на големи првенства, откако Шпанија води со 2-1 победи, а во овие натпревари беа постигнати едвај четири погодоци.