Најскапиот играч во историјата на фудбалот, Нејмар, го продолжи договорот со ПСЖ. Бразилецот ќе остане во Париз до јуни 2025 година, a со новиот договор ќе заработува 30 милиони евра по сезона.
Нејмар, во 2017 година за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. Медиумите шпекулираа дека во овој преоден рок Барселона ќе го врати на „Ноу Камп“, но сега е јасно дека таквото сценарио нема да се реализира.
Најмар, чиj договор истекуваше наредното лето, реши да остане на „Паркот на принцовите“.
Со новиот договор, Нејмар се согласил да добива помала плата. Наместо досегашните 35 милиони евра, тој годишно ќе заработува пет милиони евра помалку.