Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, соопшти дека организацијата сериозно ќе ги потисне обидите за манифестации на расизам за време на Мундијалот во Русија.
– Имаме јасни препораки во случај на манифестации на расизам. Судијата има право привремено да го прекине натпреварот, па дури и да донесе одлука да не се доигра. Благодарение на системот за следење, ќе следат непосредни санкции. Се разбира, ние не сакаме да се случи тоа. За сериозните последици сите се предупредени- изјави Инфантино.
Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули.