На ниту еден тим од анализираните во 35 првенства во Европа не му биле потребни помалку шутеви за да постигнува голови отколку на францускиот првак Пари сен Жермен, објави во својата статија Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС).
ПСЖ постигнувал по еден гол по секои 4,7 шута. Помалку од пет шута за еден гол му требале само уште на еден тим од петте најдобри европски домашни лиги, Борусија Дортмунд од Германија, со погодок по секои 4,8 удари кон голот.
Најефикасните тимови во преостанатите три најсилни првенства се шпанска Барселона (5,4), англиски Арсенал (5,8) и италијанска Сампдорија (5,9). Највисоката просечна бројка од тие пет најсилни лиги ЦИЕС ја забележал кај Хадерсфилд (17,3 шута за еден гол).
Екипата што најдобро ги користи шансите од преостанатите првенства во Европа е швајцарски Јанг бојс, со 4,8 шута за еден гол, а потоа следуваат дански Митјиланд со 4,94 и холандски ПСВ Ајндховен со 4,98, велат од ЦИЕС.