Капитенот Горан Пандев на аукција го стави дресот во кој го одигра 100-от натпревар за репрезентацијата на Македонија. Пандев собраните средства ќе ги донира на болницата „8 Септември“ во Скопје.
– Овој свет дрес од мојот стоти настап за мојата Македонија решив да го донирам и да помогнам во борбата со ковид-19… Со донирање на пет или повеќе евра заедно да помогнеме на болницата „8 Септември“ во Скопје – пишува по приложеното видео на инстаграм-профилот на Пандев.
Горан Пандев е рекордер во националниот тим според бројот на настапи (108) и бројот на постигнати голови (34).