Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал го продолжи договорот со клубот до јуни 2024, објави премиерлигашот.
Во актуелниот договор ќе биде вклучена можност за продолжување за еден година.
Дваесет и три годишниот Французин се пресели во Манчестер јунајтед од Монако во 2015 година.
Марсијал за МЈ досега има одиграно 142 натпревари и постигнато 46 голови.