Германскиот селектор, Јоаким Лев по елиминацијата на тимот од Светското првенство во Русија, изјави дека разочарувањето е големо, но мора да се прифати резултатот и да продолжат понатаму.
– Разочарувањето е големо и тишината во соблекувалната е убиствена. Никој не вели ништо. Сепак, мора да прифатиме што се случи, затоа што не заслуживме да продолжиме понатаму. Ние направивме се што требаше, за да се подготвиме, но работите не излегоа според планот. Се покажа дека е исклучително тешко да се повтори успехот од минатото првенство. Можеби и пред мечот со Мексико имавме поголема самодоверба отколку што требаше. Честитки и за Република Кореја – рече стратегот веднаш по мечот.
Бундестимот си заминува како последен во групата, откако денеска изгуби со 0-2 од Корејците.