Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, призна дека неговиот тим едноставно не успеал да ѝ направи никаков проблем на Македонија (1-2), во вечерашниот меч во рамки на квалификациите за Светското првенство во 2022 година.
– Разочарувањето е огромно. Бевме преуморни и ја немавме свежината во нашите акции и направивме премногу грешки. Кога игравме брзо, бевме опасни. Противникот играше длабоко, но не успеавме да им направиме никаков проблем. На крајот, беше крајно разочарувачки – вели Лев.
Серж Гнабри, кој можеби ги имаше најдобрите шанси за Германија, ѝ честиташе на Македонија за победата.
– Честитки до Македонија. Се вративме во игра, направивме шанси, но работите напред не функционираа. На крајот тоа не беше доволно – изјави Гнабри.
Најкритичен беше германскиот капитен Илкај Гундоган кој беше стрелец на единствениот гол за неговата селекција.
– Вакви работи не смеат да се случуваат. Чувствувавме како Македонците да беа пред голот само двапати! Направивме доста шанси, но не дојдовме до гол. Не изгледавме добро ниту напред, ниту назад – вели ѕвездата на Манчестер сити.
Поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација, Бастијан Швајнштајгер изрази почит за подвигот на Македонија.
– Мојата почит за Северна Македонија. Несреќен пенал против нив, недосуден чист пенал, и овие момци го добија мечот против четикратен светски шампион – напиша Швајнштајгер на Твитер.