Лорис Кариус е едно од најчесто дискутираните имиња во фудбалот во последните два месеца. И причините не се многу пријатни за голманот.
Откако направи груби грешки во финалето на Лигата на шампионите, Германецот е критикуван од фановите на фудбалот, а најновиот удар за него беше привлекувањето на Алисон, што значи дека Кариус ќе биде резерва за Ливерпул во новата сезона.
– За мене логично тоа не е оптимална ситуација. Никој не разговараше со мене – изјави Кариус по повод трансферот на Бразилецот.
На прашањето дали ќе остане во Ливерпул, Кариус одговори: „Не знам. Не можам да кажам што ќе правам. Има уште малку време. Фокусот е врз овие натпревари (од подготовките), да тренирам добро и да влезам во најдобра форма. Секојдневно работам напорно“.