Австралиската фудбалска федерација (АФФ) донесе историска одлука за изедначување на платите на машките и на женските членови на фудбалските репрезентации. Австралија им се придружува на Нов Зеланд и на Норвешка во изедначувањето на платите за фудбалерите и за фудбалерките, пишува Би-би-си.
– Ова е огромен чекор за нас во намалување на разликите во примањата на фудбалерите и фудбалерките – изјавил директорот на Австралиската фудбалска федерација Давид Галоп.
Фудбалерките на Австралија се осми на светската листа, а фудбалерите се на 44-то место. Според новиот договор, и едните и другите ќе добиваат еднаков износ од рекламите и од спонзорите на репрезентацијата, по 69 илјади долари, по 40 отсто од наградните фондови, а покрај повисоката плата, на фудбалерките ќе им се овозможи и, на пример, патување со авион со повисока класа, привилегија што досега ја користеле само фудбалерите.