ФУДБАЛ – ЛИГА ЕВРОПА
Арсенал ја елиминира прашка Славија и во полуфиналето на фудбалската Лига Европа (ЛЕ) ќе игра против Вилјареал, на чија клупа е поранешниот шеф на Арсенал, Унаи Емери. Во второто полуфинале ќе се сретнат Манчестер јунајтед и Рома.
– Ова е петто европско полуфинале на Вилјaреал, а за мене шесто како тренер, со Севилја, Арсенал, Валенсија и сега овде. Тоа покажува дека сме способни, тоа нѐ прави горди, но јас повторно истакнувам дека мора да го „почувствуваме“ искуството. Треба да играме и да уживаме во натпреварите – вели Емери, кој има освоено три трофеи во ЛЕ, сите со Севилја, а со Арсенал играше во финалето во 2019 година и загуби од Челси.
Манчестер јунајтед без поголеми проблеми ја мина шпанска Гранада и следен противник на патот кон финалето ќе му биде Рома, која го елиминира Ајакс, најмногу благодарение на победата во првиот меч во Амстердам.
За Манчестер јунајтед ова е 18-то полуфинале во сите европски натпреварувања (вклучувајќи го и Купот на саемските градови), само едно помалку од рекордните 19 на Ливерпул меѓу англиските тимови.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Манчестер ј. – Гранада 2-0 (0-2)
Рома – Ајакс 1-1 (2-1)
Славија Прага – Арсенал 0-4 (1-1)
Вилјареал – Динамо Загреб 2-1 (1-0)
во заграда се резултатите од првите натпревари
ПОЛУФИНАЛЕ
Манчестер јунајтед – Рома
Вилјареал – Арсенал
натпреварите ќе се играат на 29 април и на 6 мај
ФИНАЛЕ
26 мај, Гдањск, Полска