Проекциите се направени од финансиските аналитичари од „Визибл“, кои ги пресметале очекуваните приходи во сезоните 2019/2020 и 2020/2021 според објавените биланси во периодот 2018/2019
Фудбалските клубови во двете најсилни лиги во Англија, Премиер-лигата и Чемпионшип, се соочуваат со комбинирана загуба од над една милијарда фунти (1,1 милион евра), ако сезоната 2020/2021 ја одиграат без публика. Вкупната предвидена загуба во Премиер-лигата се проценува на 911,6 милиони фунти (996 милиони евра), пишува британски „Телеграф“. Премиерот Борис Џонсон пред неколку дена објави дека плановите за враќање на гледачите на трибините се одложени на подолго време во рамките на новите мерки за спречување на ширењето на ковид-19.
Процените се дека Манчестер јунајтед ќе се соочи со најголема загуба, но пропорционално најпогоден би бил Арсенал.
Според извештаите на Арсенал за сезоната 2018/2019, приходот од деновите кога се игра меч е речиси една четвртина од вкупниот приход. Предвидувањата се дека во дивизијата Чемпионшип, Шефилд венздеј, чиј стадион „Хилсборо“ е со капацитет од речиси 40.000 места, ќе биде најмногу погоден. Клубовите од Чемпионшип вкупно ќе останат без околу 180 милиони фунти (196 милиони евра) колку што заработуваат во деновите на натпреварите. Играњето без гледачи цела сезона за клубовите од дивизиите Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2 ќе значи загуба од над 200 милиони фунти (218,5 милиони евра).
Проекциите се направени од финансиските аналитичари од „Визибл“, кои ги пресметале очекуваните приходи во сезоните 2019/2020 и 2020/2021 според објавените биланси во периодот 2018/2019.