ФУДБАЛ – АНКЕТА НА „ГАЗЕТА ДЕЛО СПОРТ“

Италијанецот Џанлуиџи Буфон (42) е избран за најдобар фудбалски голман на сите времиња во изборот што го спроведе италијанскиот дневен спортски весник „Газета дело спорт“ помеѓу 18 славни чувари на мрежата од 18 земји.
Легендата на италијанскиот Јувентус, Буфон, доби најмногу гласови, седум. Зад него е рускиот голман Лав Јашин со пет гласа, а Италијанецот Дино Ѕоф доби два гласа.
По еден глас добија Гордон Бенкс (Англија), Икер Касилјас (Шпанија), Сеп Маер (Германија), Ладислао Мазуркиевич (Уругвај), Рожерио Цени (Бразил), Клаудио Тафарел (Бразил) и Петер Шмајхел (Данска).
Во изборот учествуваа Мануел Ноер, Петер Шмајхел, Дино Ѕоф, Мишел Прудом, Жулио Цезар, Сантијаго Кањизарес, Габор Кирали, Томас Н’Коно, Јиржи Дудек, Рушту Речбер, Вјачеслав Малафеев, Томас Равели, Алекс Манингер, Бернард Лама, Антонис Никополидис, Фернандо Муслера, Хорхе Кампос и Јан Јонгблуд.