Фаворизираните Манчестер јунајтед и Интер ќе избегнат дуел до финалето на фудбалската Лига на Европа. Ова е резултат на денешната ждрепка за двојките од четврт-финалето и полуфиналето, влечена во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.
Завршниот турнир на кој ќе учествуваат осум екипи ќе се игра во август, во Германија (Дуизбург, Гелзенкирхен и Дизелдорф), додека Келн ќе биде домаќин на финалето на 21 август.
Во пресрет на ждрепката УЕФА потсети дека Интер и Хетафе, односно Рома и Севилја ќе одиграат само по еден натпревар во осминафиналето. Овие дуели и преостанатите реванши од осминафиналето се закажани за 5 и 6 август. Четврт-финалето ќе се игра на 10 и на 11 август, а полуфиналето на 16 и 17 август.
Четвртфинални двојки, Лига Европа
Волфсбург/Шахтер – Ајнтрахт/Базел (1)
Манчестер јунајтед/ЛАСК – Копенхаген/Башакшехир (2)
Интер/Хетафе – Баер/Глазгов Ренџерс (3)
Вулверхемптон/Олимпијакос – Севилја/Рома (4)
Полуфинални двојки
Победник 1 – Победник 3
Победник 2 – Победник 4