Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, Кевин де Брујне, најверојатно ќе отсуствува два месеци од теренот, откако на тренинг го повреди десното колено.
Од Сити соопштија за повредата на Де Брујне, но без да наведат за што точно станува збор.
Де Брујне неодамна им се придружи на соиграчите во Сити, бидејќи беше на продолжен одмор откако со белгиската репрезентација стигна до полуфиналето на Светското првенство во Русија.
Белгискиот фудбалер влезе во второто полувреме на последниот натпревар со Арсенал, на кој Сити победи со 2:0.
Тој во Манчестер сити дојде во 2015 година и досега има постигнато 12 голови и има 21 асистенција.