Tој е најпопуларниот спорт во светот во моментот, но да се застане, ќе биде лошо, изјави прославениот Французин Арсен Венгер, главен за глобален развој на фудбалот во ФИФА и член на Советодавниот фудбалски и технички панел, вклучен во потенцијалните измени во правилата на фудбалската игра
ФУДБАЛ
Сакаме да помогнеме да ја направиме играта поспектакуларна, побрза и попријатна за гледање, како и за играње исто така. Тој е најпопуларниот спорт во светот во моментот, но да се застане, ќе биде лошо, изјави прославениот Французин Арсен Венгер, кој дискутираше за правилото офсајд, за системот видеопомошник-судија (ВАР) и многу повеќе, пренесува Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својата интернет-страница.
Венгер, некогашен менаџер на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал, ѝ се приклучи на Светската фудбалска федерација како главен за глобален развој на фудбалот во 2019 година, а тој е, исто така, член на Советодавниот фудбалски и технички панел, вклучен во потенцијалните измени во правилата на фудбалската игра што би ги донел Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ).
Венгер, исто така, во шоуто на Светската фудбалска федерација зборува и за многу дискутираните теми за офсајдот и за системот ВАР.
– Имам многу идеи и, се разбира, мора да ги провериме и да експериментираме со нив и потоа да донесеме заклучоци. Една од нив е да го смениме малку правилото за офсајд. Во случај на неизвесна ситуација, судијата (традиционално) му дава предност на напаѓачот. Со ВАР таа предност исчезнува, поради прецизноста на ВАР, која секогаш оди малку против напаѓачот. Видовме многу фрустрирачки ситуации поради тоа – вели Венгер, пренесува ФИФА.