Правилото Босман ги смени фудбалските трансфери засекогаш откако на
15 декември 1995 година, Европскиот суд на правдата донесе одлука белгискиот фудбалер Жан-Марк Босман и други фудбалери да можат да се движат меѓу клубовите како слободни играчи откако ќе им истече договорот, пишува „Скај“

Поминаа 25 години откако Жан-Марк Босман влезе во Европскиот суд на правдата како фудбалер за врска и се појави како именка, пишува „Би-би-си“. Промената во Законот за вработување значеше дека фудбалерите можат да изберат да ги одработат договорите и да се преселат во друг клуб со слободен трансфер. Тоа екстремно го смени фудбалот, пишува „Би-би-си“.
Правилото Босман ги смени фудбалските трансфери засекогаш откако на 15 декември 1995 година, Европскиот суд на правдата донесе одлука дека белгискиот фудбалер Жан-Марк Босман и други фудбалери можат да се движат меѓу клубовите како слободни играчи откако ќе им истече договорот, пишува „Скај“.
– Би рекол дека поради мојата тврдоглавост и со помош на ФИФПРО, го добив случајот во Европскиот суд на правдата во Луксембург во 1995 година. За мене лично, правилото Босман претставува слобода – рече Босман, пренесе „Скај“.

Изразот „трансфер според Босман“ во голема мера е дел од фудбалските поими. Неговата победа им обезбеди можност на неговите колеги професионалци да контролираат како и кому му ги продаваат своите вештини, но на крајот тој не собра ништо од наградата, пишува „Форбс“. На 15 декември се одбележија 25 години откако Европскиот суд на правдата одлучи во негова корист и, во тој процес, темелно ги промени односите играч – клуб, пишува „Форбс“.
Случајот „Босман“ го смени професионалниот фудбал, фудбалерите со истечен договор се слободни да потпишуваат со кој било клуб, а илјадници играчи го искористија ова право откако Босман го доби неговиот случај во 1995 година, пишува Здружението на фудбалските професионалци (ФИФПРО) на својата интернет-страница.