ФИФА ја помести старосната граница за фудбалерите кои ќе настапат на Олимписките игри во Токио. Игрите поради коронавирусот се одложени за наредната година.
Според правилата на олимпискиот турнир во фудбал можат да настапат фудбалери на возраст до 23 години. ФИФА дозволува секоја репрезентација да има најмногу тројца играчи кои ја надминуваат оваа старосна граница.
Бидејќи ОИ се одложени ФИФА донесе одлука наредната година старосната граница да биде поместена на 24 години. Ова значи дека селекторите ќе можат со играчите што ги планирале оваа година да настапат и наредната година.
На ОИ наредната година ќе можат да играат фудбалери редени по 1 јануари 1997 година.
На олимпискиот турнир наредната година титулата ќе ја брани Бразил. Покрај бразилската ќе учествуваат и репрезентациите на: Јапонија, Германија, Франција, Аргентина, Шпанија, Романија, Брегот на Слонова коска, Египет, Јужна Африка, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.