Пред неколку дена, Марио Балотели повторно потпиша договор со Ница, а претседателот на клубот, Жан-Пјер Ривиер го пофали играчот за покажаната лојалноста.
– Тој го направи својот избор и покрај тоа што не учествуваме во европски турнири и пониската плата, која му ја понудивме од другите места. Ја покажа желбата да остане и да се посвети на клубот. Сега се договорено и формализирано. Сакаме да му дадеме водечка улога. Тренерот ќе располага со него и ќе се обиде да направи најдобра можна сезона. Многу сме среќни за оваа ситуација. Имаме играч кој е целосно посветен на нашиот проект, изјави претседателот на „црвено-црните“.
Тој исто така го заштити Балотели од гласините дека напаѓачот ги бојкотира тренинзите на тимот.
– Многу ме нервира тоа што некој мисли дека Марио направил нешто погрешно, бидејќи тоа не е така. Ниту пројавувал недостаток на почит кон клубот, тренерот или навивачите, ниту правел циркуси. Во неговите мисли тој беше далеку од Ница. Тој сакаше да не напушти. Тој беше казнет за првите три натпревари – тоа му беше јасно. Луѓето може да не го разбираат, но да го имаме Балотели за три сезони, без да сме плаќале трансферна сума, е неверојатна можност, додаде Ривиер, според кого Олимпик Марсеј не го купиле фудбалерот, бидејќи не сакале да дадат четири милиони евра наместо понудените 2,5 милиони евра.
За двете сезони во Ница, италијанскиот репрезентативец има 66 натпревари и 43 гола на сите турнири.