Ѕвездата на Арсенал, Месут Озил се надева дека ќе остане во тимот од Лондон, пишува „Сан“. 30-годишниот играч од средниот ред потпиша договор со „топџиите“ во јануари, според кој добива 350.000 фунти неделно.
Озил не е подготвен да си замине во зимскиот трансфер прозорец, и покрај вестите што се појавија во медиумите во последните неколку недели. Гласините на Островот велат дека постои тензија помеѓу него и менаџерот Унаи Емери.
Поранешниот германски репрезентативец доби повреда на грбот што го остави надвор од теренот за неколку натпревари. Сепак, тој се врати во игра против Карабах од Лигата Европа (1:0) на 13-ти декември. Месут се појави на теренот и при поразот на Арсенал од Саутемптон со 2:3.
Офанзивниот фудбалер учествуваше на 11 натпревари досега во сезоната и реализираше три гола.