ЛИГА ЕВРОПА

Наполи, каде што игра македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, ќе игра против Барселона (трипати европски шампион) во плејофот за пласман во осминафиналето на Лига Европа (ЛЕ). Загрепски Динамо, каде што настапуваат двајца македонски репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, за противник ја доби Севилја (рекордер со шест победи во ЛЕ). Молдавскиот Шериф, тимот на уште еден македонски репрезентативец, Бобан Николов, ќе игра против португалската Брага.
Натпреварите меѓу второпласираните во групите на ЛЕ и третопласираните во групите од Лигата на шампионите (ЛШ) ќе се играат на 17 и на 24 февруари. Ждрепката за осминафиналето, пак, во кое ќе се сретнат победниците од плејофот и првопласираните во осумте групи во ЛЕ, кои реваншите ќе ги играат дома, е закажана за 25 февруари, а натпреварите се на 10 и на 17 март 2022 година.
Директен пласман во осминафиналето на ЛЕ: Црвена звезда, Ајнтрахт, Галатасарај, Баер, Лион, Монако, Спартак Москва и Вест хем.


ЛЕ, ПЛЕЈОФ

Севилја – Динамо З.
Аталанта – Олимпијакос
Лајпциг – Реал Сосиедад
Барселона – Наполи
Зенит – Бетис
Борусија Д. – Ренџерс
Шериф – Брага
Порто – Лацио