Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, беше воодушевен од поддршката на навивачите која не изостана и покрај високиот пораз од Тотенхем со 3:0.
За Јунајтед ова е втор пораз по ред во трите рунди од стартот на Премиер лигата.
– Работевме добро минатата недела, но загубивме. Тоа се должи на лошата тактика. Играчите имаа фантастичен став. Тие на 0:2 се трудеа максимум и веруваа дека еден гол може да го смени текот на натпреварот. Сепак, третиот примен гол ја уништи нашата верба. Што се однесува до нашите навивачи, можам да кажам дека тие не читаат весници, не гледаат телевизија. Нашите навивачи се над тоа. Тие на нашиот пораз реагираа сосема неверојатно. Тие аплаудираа, изјави Мурињо.
На провокативните прашања од новинарите дали мисли да поднесе оставка, португалскиот стручњак се пофали дека е најтрофеен тренер во однос на колегите од Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед од можните девет има освоено само три бода и се наоѓа во долниот дел на табелата во Англиското фудбалско првенство.