Новиот капитен на Барселона, Лионел Меси, вети дека каталонскиот тим во претстојната сезона ќе стори сė за да ја освои Лигата на шампионите.
– Ветуваме дека оваа година ќе направиме сė што е можно за повторно да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите. Имаме план за иднината, а оние кои дојдоа во тимот ќе ни помогнат да станеме подобри. Минатата година бевме добри, стигнавме до дупла круна. Но, останавме без Лигата на шампионите. Оваа сезона имаме амбиции за трофејот во елитното натпреварување, изјави Аргентинецот.
Меси беше еден од стрелците во победата на Каталонците над Бока Јунирос (3:0) на дуелот одигран вчеравечер и беше прогласен за најдобар играч на „Гампер Купот“ кој Каталонците го освоија по 41-ви пат.