Арсенал е прв фудбалски клуб во Велика Британија што организира систем на складирање енергија, засади повеќе од 29.000 дрвја во тренинг-центарот, инсталира систем за рециклирање вода, прв во Премиер-лигата се префрли на 100 отсто зелена електрична енергија итн.
Англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал верува дека може да ги инспирира љубителите на фудбалот низ светот откако се пријави за планот на Обединетите нации (ОН) за помош во справувањето со климатските промени, пишува „Би-би-си“. Клубот е прв во Премиер-лигата што се приклучи на оваа акција на ОН, а тоа значи да се заложи да помогне во борбата против климатските промени и да им помогне на другите да го сторат истото тоа.
Во 2019 година, Арсенал беше на врвот на табелата за одржливост на „Би-би-си“ во Премиер-лигата. Ова се само некои од еколошките иницијативи преземени досега од Арсенал: прв фудбалски клуб во Велика Британија што организира систем на складирање енергија во 2018 година, кој може да го напојува стадионот „Емирати“ со 60.000 седишта за цел натпревар, засади повеќе од 29.000 дрвја во тренинг-центарот на клубот во Лондон од 1999 година, инсталира систем за рециклирање вода во центарот за обука, со што се рециклирани повеќе од 4,5 милиони литри вода, стана првиот клуб од Премиер-лигата што се префрли на 100 отсто зелена електрична енергија, заштедува 20.000 пластични чаши за една употреба по натпревар кога стадионот „Емирати“ е полн преку шема за еднократна употреба на чаши, има намалена енергија со инсталирање автоматско лед-осветлување итн.