Академија Пандев ја совлада Победа со 3-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Македонија.
Сите голови беа постигнати во второто полувреме, откако со голот на Велинов (53-та минута) беше отворен резултатот во корист на струмичкиот тим. Миловановиќ потоа постигна два гола (во 54-та и 62-та минута), a eдинствениот гол за Победа беше дело на Макота во 81-минута.
Во второто полуфинале, Македонија ЃП ја совлада Беласица со 1-0. Реваншите се играат на 10 април.