Со денешниот натпревар меѓу Фламинго Волеј и Шкупи (21 часот) во Скопје ќе стартува натпреварувањето од Купот на ОФМ 2026 година. Во средината на оваа седмица и на почетокот на следната недела ќе се одиграат натпреварите од претколото со кои ќе биде дефиниран изгледот на осминафиналната фаза кај дамите, односно четвртфиналните двојки кај мажите.
Двојките од претколото во двете конкуренции ги одреди пласманот на екипите на табелата по завршувањето на првиот дел од првенството. Поточно во женска конкуренција, екипите од Втората женска лига ќе се соочат во претколото, кое се игра во еден добиен натпревар на теренот на подобропласираниот тим. Покрај денешната двојка Фламинго Волеј и Шкупи, утре ќе се сретнат Јанта Волеј БУТ и Виола Волеј, Ново Село и Куманово, односно Борец и Виктори Волеј. Еден дуел е закажан за в четврток кога Форца Волеј ЕМА го пречекува Бами Кор, додека последниот патник во осминафиналето кај дамите ќе биде познат на 10 февруари кога играат Вардар жени и Универзитет во Тетово.
Кај мажите, првите четири пласирани екипи во првенството, Штип УГД, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и ГОК Борец обезбедуваат директен пласман во четвртфиналето, додека останатите тимови ќе се соочат во претколото. Три натпревари Сушево – Скопје, Лирија – Весна Пробиштип и Шкендија – Македонија Џио се играат утре, додека на 11 февруари дуелот меѓу Уни во Тетово и Јанта Волеј треба да го даде последниот учесник во следната рунда.
Победниците од овие дуели ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, каде паровите ќе бидат одредени со јавен полудиригиран ждреб. Екипите ќе бидат поделени во две групи според пласманот од есенскиот дел на сезоната. Четвртфиналето исто така ќе се игра во еден добиен натпревар на терен на подобропласираните екипи.
КУП НА ОФМ 2026 МАЖИ
ПРЕТКОЛО, ДВОЈКИ (04.02.2026)
Сушево – Скопје 18:30ч.
Лирија – Весна Пробиштип 19:00ч.
Шкендија – Македонија Џио 20:00ч.
(11.02.2026)
Уни во Тетово – Јанта Волеј 19:00ч.
КУП НА ОФМ 2026 ЖЕНИ
ПРЕТКОЛО, ДВОЈКИ
(03.02.2026)
Фламинго Волеј – Шкупи 21:00ч.
(04.02.2026)
Јанта Волеј БУТ – Виола Волеј 20:45ч.
Ново Село – Куманово 19:00ч.
Борец – Виктори Волеј 20:30ч.
(05.02.2026)
Форца Волеј ЕМА – Бами Кор 17:00ч.
(10.02.2026)
Вардар жени – Уни во Тетово


































