Одлука за изградба на фудбалски стадион со минимален капацитет од 12.000 седишта според сите критериуми на УЕФА и ФИФА за одигрување клупски и репрезентативни натпревари од највисок ранг, донесе на денешната седница Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Стадионот, како што е соопштено, ќе биде лоциран во општина Аеродром во рамки на „Куќата на фудбалот“ и ќе биде финансиран со средства од УЕФА и ФИФА преку програмите за развој на фудбалската инфраструктура.
– Наша обврска како Фудбалска федерација на Македонија е да придонесеме за напредок на фудбалот, а најдобар начин да го потврдиме тоа е преку изградба на стадион кој ќе биде обележје на времето кое ни ги носи најголемите фудбалски успеси во нашата историја – изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.