Русинот Данил Дубов службено ја загуби партијата од Холанѓанецот Аниш Гири во 7-то коло на шаховскиот турнир во Вајк ан Зе, Холандија.
Како што информира организаторот, член од потесното опкружување на Дубов бил позитивен на ковид-19, Дубов бил негативен на тестот за брзо скенирање, а му бил направен и ПЦР-тест, но се очекувал резултатот да стигне вечерта.
За да го заштити неговиот противник, главниот судија одредил Дубов да игра со маска. Дубов одбил, посочувајќи дека тоа е прашање на принцип, а и имал претходен договор со организаторот дека нема да се носат маски за време на партиите.
Светскиот првак, Норвежанецот Магнус Карлсен (рејтинг 2.865, рангиран прв во светот), повторно изби сам на табелата со пет поени (три победи и четири ремија). Норвежанецот во ова коло го победи Индиецот Прагнанандха, но не беше задоволен како дозволи позицијата да му „побегне“ од контрола, откако изгради победничка предност, оти противникот пропушти две можности за реми.
Унгарецот Ричард Рапорт и Азербејџанецот Шахријар Мамеѓаров ремизираа во сицилијанска одбрана. Ланскиот победник, Холанѓанецот Џорден ван Форест му го нанесе првиот пораз на Индиецот Видит Гујрати и се врати на 50 отсто освоени бода. Русинот Андреј Есипенко испушти можност да го победи Американецот Сем Шанкланд, кој пак, го изненади во отварањето во нимцо-индиска одбрана. Швеѓанецот Нилс Гранделиус, кој со малку среќа стигна до реми против Русинот Сергеј Карјакин. Американецот Фабијано Каруана конечно успеа да освои цел поен, победувајќи го Полјакот Јан Кшиштоф-Дуда.
Резултати, 7. коло:
Есипенко – Шанкланд реми (по 51 потег),
Гири – Дубов 1-0 (службено),
Рапорт – Мамеѓаров реми (29),
Ван Форес – Видит 1-0 (43),
Дуда – Каруана 0-1 (53),
Прагнанада – Карлсен 0-1 (34),
Гранделиус – Карјакин реми (37).
Табела:
Карлсен пет поени,
Мамеѓаров 4,5,
Есипенко, Гири, Видит и Рапорт по четири,
Каруана, Карјакин и Ван Форест по 3,5, Дуда и Шанкланд по три,
Дубов и Прагнанада по 2,5,
Гранделиус два.