Селекцијата на Црна Гора, се соочува со нови проблеми поради коронавирусот. Според информации од Ракометниот сојуз на Црна Гора, нови тројца репрезентативци имале позитивни резултати по ПЦР-тестовите кои биле направени во Дебрецин.
Имињата на позитивните ракометари не се откриени, а веднаш после добиените резултати, останатите ракометари и членовите на стручниот штаб на Црна Гора направиле второ тестирање.
Резултатите од второто тестирање се уште се чекаат, а Црногорците во меѓувреме се преместени во друг хотел, додека селекциите на Данска, Словенија и Македонија останаа во хотелот каде што престојуваат.
Претходно во селекцијата на Црна Гора позитивни на ковид беа селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, Милош Божовиќ, Миле Мијушковиќ и Небошја Симовиќ и тие останаа во Црна Гора.
Во првиот дуел на ЕП, Црна Гора утре игра против Данска, следува пресметката со Македонија на 15 јануари, а за крај со Словенија на 17 јануари.