Одбојкарите на ГОК Борец имаа одлично отворање на плејоф разигрувањето во Првата машка лига и запишаа важна гостинска победа над Работнички 71&22, кој им е директен ривал за подобра позиција на табелата. Велешкиот состав со победата од 3:1 во Скопје истовремено му се реваншираше на противникот за поразот од стартот на сезоната.
Лидерот Штип УГД пред својата публика беше сигурен на средбата со Сушево, додека мечот меѓу шампионот Струмица 47&72 и Универзитет во Тетово од претходно беше одложен.
Во плејаут друштвото Лирија и Шкендија немаа проблеми во натпреварите со Јанта Волеј и Скопје, кои ги добија со максимален резултат и со кои ја потврдија фаворитската улога. Мечот меѓу Македонија Џио и Весна Пробиштип иако требаше да се одигра, во договор меѓу двата клуба беше одложен и ќе добие нов термин за одигрување.
ПРВА ЛИГА МАЖИ
ПЛЕЈ-ОФ, 1. КОЛО
ШТИП УГД – СУШЕВО 3:0 (25:15, 25:14, 25:13)
РАБОТНИЧКИ 71&22 – ГОК БОРЕЦ 1:3 (16:25, 25:20, 15:25, 20:25)
СТРУМИЦА 47&72 – УНИ. ВО ТЕТОВО одложена
ПЛЕЈ-АУТ, 1. КОЛО
ЛИРИЈА – ЈАНТА ВОЛЕЈ 3:0 (25:16, 25:14, 25:18)
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ 3:0 (25:17, 25:11, 25:21)
МАКЕДОНИЈА ЏИО – ВЕСНА ПРОБИШТИП одложена
































