Шефот на стручниот штаб на мадридски Реал, Карло Анчелоти, вечерва на пригодна свеченост во Истанбул е прогласен за најдобар тренер за минатата сезона во Европа, во која италијанскиот стратег ја освои Лигата на шампиони, како и шпанското првенство.
– Благодарност до УЕФА за наградата. Благодарност до Ариго Саки, тој е мојот учител и благодарение на него ја почнав својата тренерска кариера. Благодарност до претседателот (на Реал), кој ми даде можност да се вратам во Мадрид. Минатата сезона беше одлична сезона, постигнавме исклучителна хемија и вистинска поврзаност – рече Анчелоти при доделувањето на наградата.
Во женска конкуренција наградата и припадна на англиската селекторка Сарина Вигман.
За најдобар фудбалер минатата сезона во Европа е прогласен напаѓачот на Реал и француски репрезентативец Карим Бензема, кој на 46 натпревари во дресот на Кралскиот клуб постигна фантастични 44 голови.
За најдобра европска фудбалерка во сезоната 2021/22 е избрана шпанската репрезентативка од редовите на Барселона, Алексија Путелјас