Попладнево, по средноевропско време, во Токио свечено беа отворени 32-те Летни олимписки игри (ЛОИ). Игрите ќе се одржат без присуство на публика поради пандемијата.
Церемонијата на свеченото отворање ја проследија само 950 ВИП-гости, а спортистите дефилираа пред празните трибини. Игрите за отворени ги прогласи јапонскиот цар Нарухито.
Знаменосците Арбреша Реџепи и Дејан Георгиевски ја предводеа македонската делегација која ја сочинуваат вкупно осум спортисти.
Јапонците се погрижија, гледачите пред ТВ-екраните, да добијат вистински спектакл. Особено воодушеви перформансот со дронови.