Македонецот Александар Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ (Ultimate Fighting Championship), во перо категорија.
Волкановски утринава во Лас Вегас го победи на поени досегашниот шампионот Макс Холовеј, со што ја забележа својата 18-та последователна победа, а притоа на Холовеј му го нанесе првиот пораз во изминативе 6 години.
Волкановски е роден во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од македонското село Беранци. Пред многу години тој се преселил во Австралија.
Волкановски уште од почетокот на борбата тргна супериорно.
Актуелниот шампион не успеа да го наметне својот ритам, па поразот за него беше неминовен.