Магазинот Форбс секоја година објавува листи со најдобро платени спортисти, овој пат првото место му припадна на пензионираниот боксер Флојд Мејведер.
Секоја година богатството на Флојд Мејведер енормно се зголемува, тој минатата
година заработи вкупно 285 милиони долари, од кои 275 милиони беа во вид на добивки од борбите во кои учествуваше, а дополнителни 10 милиони ги заработи преку реклами и спонзорства.
Втор на листата е Лионел Меси, кој заработи 111 милиони, а веднаш зад него се наоѓа Кристијано Роналдо со заработени 108 милиони долари. Сите останати спортисти од Топ 10-ката заработија помалку од 100 милиони долари.
Топ 10 листата ја надополнуваат Конор Мекгрегор (99 милиони), Нејмар (90 милиони), Леброн Џејмс (85,5 милиони), Роџер Федерер (77,2 милиони), Стеф Кари (76,9 милиони), Мет Рајан (67,3 милиони) и Метју Стенфорд (59,5 милиони).
Надвор од елитната десетка испаднаа елитни спортисти како Кевин Дурент, Тајгер Вудс и Луис Хамилтон, додека исклучително ниско се пласираше Усеин Болт, кој со заработка од 31 милион се најде на 45 место.