Триатлонците од Србија Огњен Стојановиќ и Вида Медиќ триумфираа на Балканското триатлон-првенството што се одржа во Охрид. Стојановиќ трите предвидени делници ги мина за 54.35 минути. Среброто му припадна на Јакопо Бутурини од Хрватска, а бронзата на Матеж Планко од Словенија.
Вида Медиќ, пак, постигна време од 1:0528 час, што беше доволно за првото место, пред Ипек Озтосун и Ече Калп, и двете од Турција, кои го освоијa среброто, односно бронзата. Единствената македонска претставничка, Калина Пауновска, го освои последното, шесто место.
Кај кадетите славеше Емир Арици, а кај кадетките Илкбен Сариташ, додека кај јуниорките Тјаша Вртациц и Лука Гргориниц.
Од македонските натпреварувачи, најдобро остварување имаше Димитар Јовановски, кој во конкуренција на деца оствари осми резултат.
Категоријата елит (родени во 1998 и постари), како и категоријата јуниори (1999-2002), се состоеше од 750 м пливање, 20 км возење велосипед и 5 км трчање, а категоријата кадети (2003-2005), од 375 м пливање, 10 км возење велосипед и 2,5 км трчање.
Вчера се одржа и натпреварот за категории по возраст, за деца под 12 години и Купот во штафетен триатлон, мешани двојки. На првенството настапија учесници од над 20 држави, а истото тоа беше во организација на Македонската триатлон-федерација заедно, со „Спорт за сите – сите за спорт од Охрид“.