Фото: Пиксабеј

Животни

Рибите се одличен избор за децата и за љубителите на животни со недостиг од слободно време, тие имаат смирувачко дејство на сопственикот и го разубавуваат домот. Оттука, аквариумските риби се идеални миленичиња. Повеќето љубители на животни веројатно барем еднаш во животот имале аквариумска риба. За некои тоа било единственото дозволено милениче, а за поединци најприфатливо, со оглед на просторот, времето и трпението што го имаат.
Иако рибите се многу чести и вообичаени домашни миленици, почесто се чуваат мачки и кучиња. Се чини дека рибите не ги фасцинираат повеќето љубители на животни, но има многу причини што ги прават исклучително посакувани миленици.
Општо е познато дека повеќето помали аквариумски риби не бараат премногу посветеност и грижа, поради што тие се многу добар избор за луѓето со недостиг од слободно време. Има и видови што бараат поголема посветеност и се препорачуваат за поискусните сопственици, па затоа е важно да се запознаете со нив пред да ги купите. Но, како и да е, во споредба со другите домашни миленици, рибите бараат најмалку време. Сепак, тоа не значи дека тие треба да бидат целосно напуштени и оставени сами да се снаоѓаат, бидејќи можеме да им го загрозиме животот.
Рибите се идеални миленици за деца. Со рибите тие постепено и без притисок ќе научат како да се грижат за друго живо суштество. Тоа ќе влијае на нивниот однос со другите и на развојот на емпатијата.