Фото: Пиксабеј

Животни

За разлика од луѓето, кои можат да се оладат со потење, кучињата, мачките и птиците се ограничени во тоа. Ако нам ни е жешко, ним им е уште пожешко. Вака накратко можеме да ја опишеме состојбата на домашните миленици, кучињата, мачките и птиците, во време кога температурите достигнуваат и до 40 степени. Затоа, наше е да им ги олесниме топлите денови.
На пример, кучињата имаат само потни жлезди на муцката и шепите, што е многу мала површина, а имаат и крзно, па се ладат со задишување. Птиците малку полесно поднесуваат високи температури, бидејќи нивната телесна температура е околу 41 степен, но и генерално се топли. Тоа е причината зошто на нашите миленици им требаат многу повеќе течности од нам, особено на кучињата, во овие топли денови. Важно е да имаат доволно ладна вода и, секако, храна.
Но течноста е примарна овде, бидејќи миленичињата генерално јадат многу помалку налето. Водата секогаш треба да биде достапна. Не треба да биде отстоена ден-два, бидејќи се формираат алги и во неа можат да се излепат комарци, па добивате дополнителен проблем. Не би било лошо водата да се менува трипати на ден за да биде секогаш свежа.
Ако има можност, би било добро домашните миленици, или кучињата, да се однесат на езеро или река да се капат, доколку сакаат да влезат во водата. Ако тоа не е можно, би било добро да им се направи место во куќата за да можат да легнат на некои плочки или бетон. Ако живеат надвор, бетонот оладете го со вода или создајте услови да бидат во сенка.