Познатата гоџи-бобинка, која потекнува од Азија, содржи дел од најхранливите и најздрави состојки што со години се користат за различни медицински цели. Светските здравствени експерти ја нарекуваат суперхрана, бидејќи содржи материи, кои ретко кој друг производ ги содржи. Но главната карактеристика на гоџи-бобинките е начинот на кој тие влијаат против стареењето. Во продолжение прочитајте дел од причините зошто ова овошје е важно за одржување здрава и еластична кожа.

1. Минерали. Гоџи-бобинките содржат 11 од сите 22 есенцијални природи минерали, вклучувајќи калциум, калиум, железо, цинк и селен. Иако секој од нив врши различни функции во кожата, сите тие помагаат во одбраната од штетните ефекти на слободните радикали, а многу од нив го поттикнуваат производството на колаген и на еластин, овозможувајќи кожата да остане затегната и флексибилна. Освен тоа, повеќето од минералите што ги содржат гоџи-бобинките се од суштинско значење за способноста на кожата да се регенерира и да се исцели.

2. Аминокиселини. Тие се, во својата суштина, пептиди што помагаат во пополнувањето на ситните брчки, помагаат кожата да биде мазна и нежна и ги изедначуваат тенот и бојата. Освен тоа, тие помагаат и во хидратацијата на кожата и не предизвикуваат иритации.

3. Витамин Ц. Гоџи-бобинките содржат високо ниво на витамин Ц, кој, помеѓу другото, е познат и по тоа што го подобрува производството на колаген, го забрзува зараснувањето на раните и ја штити кожата од оштетувањата предизвикани од дејството на токсините. Витаминот Ц помага и во избелувањето на старечките дамки и на дамките настанати како последица од штетното дејство на сонцето.

4. Каротеноиди. Тоа се флавоноиди како што се бетакаротенот, зеоксантинот, лутеинот, ликопенот, критоксантинот и ксантофилот. Тие ја штитат кожата од штетните УВ-зраци, а познати се и по тоа што помагаат таа да го одржи својот природен, здрав сјај.

5. Полисахариди. Овие компоненти имаат антиоксидансни својства и помагаат кожата да ја задржи и да ја зголеми хидратацијата. Познати се и под називот „состојки за регенерација на кожата“, помагаат во намалувањето на воспаленијата и ја штитат еластичноста на кожата.

Кога сите наведени својства ќе се спојат, се добива еден силен состав што влијае на повеќе различни нивоа против стареењето. Повеќето синтетички и хемиски состојки помагаат најчесто само кај една работа, максимум две. Од друга страна, гоџи-бобинките се природни и даваат неколку корисни ефекти одеднаш, а со оглед на тоа што се наоѓаат во својот природен облик, имаат тенденција подобро и поефикасно да реагираат со кожата, давајќи побрзи и потрајни резултати. Гоџи-бобинките можете да ги пронајдете во повеќето продавници за здрава храна или да нарачате органски козметички крем направен од ова овошје. Во двата случаја ќе бидете повеќе од задоволни од резултатите.


Концентрираните екстракти и напивките

Гоџи-бобинките се користеле како традиционален кинески лек за потхранување на црниот дроб, бубрезите и за разбистрување на очите. Плодовите се сушат или се цедат додека се свежи за сок и се концентрираат за пијалаци. Проучувањата го докажуваат влијанието на гоџи-бобинките врз стареењето, неврозаштитата, и општото добро, замор/издржливост, метаболизам/трошење енергија, контрола на глукозата кај дијабетичарите, глаукома, антиоксидантни својства, имуномодулација, против туморни дејства и заштита на клетките. Концентрираните екстракти и напивките подготвени од бобинките низ историјата се користеле како состојки за најразлични безалкохолни или алкохолни пијалаци на пазарот поради полезноста против стареењето, видот, функционирањето на бубрезите и на црниот дроб.

Текстовите и информациите во рубриката „Здрава храна“ се исклучиво од информативен карактер и не може да ги заменат професионалните медицински и здравствени совети, прегледи, дијагнози или терапии. Пред започнување каква било нова терапија, промена на постојната или воведување каков било режим на вежбање или диета – задолжително консултирајте се со лекар.